Велика Британија формираше министерство за осаменост

Од:

Во Велика Британија е формирано министерство за осаменост, а на чело на ова министерство ќе биде Трејси Крауч, од Конзервативната партија.

Во соопштението на Владата на Британија, соопштено е дека ова министерство ќе работи во соработка со невладиниот сектор, а ќе се бори со проблемите на осаменост и социјална изолација. Се наведува дека и Националната канцеларија за статистика, ќе формира систем за мерење на степенот на осаменост.

Новото министерство се темели на работата на пратеничката Џо Кокс, која што беше убиена во 2016. година.

– Осаменоста е една тажна реалност за многу луѓе во модерниот свет. Сакаме да се бориме со овој проблем за осамените да може да го надминат, односно да имаат со кого да го поделат тоа што го мислат. Џо Кокс е личност која што успеа да открие на кое ниво е осаменоста во нашата земја и својот живот го посвети за да им помогне на тие луѓе, изјави британската премиерка Тереза Меј.

Министерката Крауч истакна дека министерството ќе се посвети на осамените лица од сите старосни доби.

– Веруваме дека волонтерите, претприемачите, но и пратениците ќе дадат значаен придонес во борбата против осаменост. Ќе се обидеме да им помогнеме на милиони луѓе во Велика Британија кои страдаат од осаменост и на тој начин ќе се оддложиме на Џо, порача Крауч.

Се претпоставува дека во Велика Британија има околу 9 милиони лица кои се чувствуваат осамено.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија