Натпреварот помеѓу Минесота и Орландо синоќа беше обележан по тепачката на Немања Бјелица и Арон Афлало. Играчот на Орландо се обиде да го удри Србинот, но тој се одбрани.
До судир помеѓу нив двајца дојде во една прилика при борба за топка. Двајцата кошаркари заработија исклучување поради тепачката.
На оваа ситуација реагираше црногорскиот репрезентативец Тајрис Рајс, кој на Твитер се пошегува и порача дека Србите не се плашат.
That was Aflalo first fight huh? Be careful messing with them Serbians. They are not afraid. Believe that.
— Tyrese Rice (@ReseRice4) January 17, 2018