Прилепските специјалисти задоволни од постигнатиот договор со Министерството за здравство

Од:

Надминати се недоразбирањата и постигната е согласност во неколку сегменти меѓу гранковиот синдикат и Министерството за здравство, констатираа денеска на прес-конференцијата специјалистите од прилепската општа болница.

Според доктор Сашо Димитриески, максилофацијален хирург се воведува квартална пресметка што значи дека учинокот ќе се пресметува секои три месеци.

– Од досегашните 0.98 – 1.01, сега е зголемен на 0.96-1.02 и се отвора можност лекарите да земат 100 насто плата. Поволно е договореното усогласување на коефициентите, а специјалистите добиваат и зголемување на платата од 19,2 насто во период од 15 месеци. Конкретно во февруари платата ќе биде зголемена за 4,8 насто, истакна меѓу другото доктор Димитриески.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он