(ВИДЕО) Делев: Дали фирмата на Анѓушев би се користела за евентуална награда за решавање на спорот за името по волја на Грција

Од:

„Кочо Анѓушев е еден од побогатите бизнисмени и трговци во Република Македонија, но во моментов Кочо Анѓушев е и втор човек во македонската влада. Тој добива пари од граѓаните, има огромна моќ, но и голема одговорност.

Затоа неговите изјави и потези не смее да се сфатат наивно и несериозно. Тие се практично ставови и чекори на македонската влада. Во идеална ситуација тие мора да бидат на линија на македонските државни и национални интереси.
Целата јавност беше сведок дека Анѓушев од позицијата вицепремиер срамно лицитираше со имиња за Република Македонија и кажа дека за него е прифатливо промена на името на државата. Тој дури и нафрлаше и имиња Горна, Северна и Нова Македонија, кои како што кажа за него се прифатливи.

Набргу по ваквата изјава на вицепремиерот Анѓушев следеше информација дека грчката државна компанија за производство на електрична енергија ќе ја купува ЕДС на Кочо Анѓушев, информација која ја потврдија и од фирмата на вицепремиерот.

Мошне симптоматично е што истовремено додека засилено се одвиваат преговори помеѓу Грција и Република Македонија, во услови кога Заев е убеден дека ќе го реши името, а Анѓушев лицитира со имиња на државата, неговата фирма е предмет на интерес токму на грчкото електростопанство.

Кочо Анѓушев мора да ги отстрани сите сомнежи дека продажбата на неговата фирма би се користела за евентуална награда за решавање на спорот за името по волја на Грција. Тој треба да каже на јавноста која е реалната вредност на неговата фирма? Постои сериозна загриженост во јавноста дека разликата од реалната и продажната вредност би можела да биде надомест за промената на името на Македонија?

Во минатото имавме сведочење на покојниот Претседател Киро Глигоров во кое тој сведочеше дека и тогаш високи фунционери на СДСМ му нуделе високи финансиски подароци од грчка страна само за да се согласи на промена на името по грчки терк. Македонското име и идентитет немаат цена!

Јавноста се повеќе ја интересираат овие прашања и очекуваат одговор од Анѓушев.

ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека нема да се согласи на промена на Уставот со цел промена на уставното име, ниту на решенија кои задираат во македонскиот идентитет и го негираат постоењето на македонскиот јазик и народ“, изјави Христијан Делев, ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски