Во селото Ојмјакон, кое што важи за едно од најладните населени места, деновиве беа измерени -67 степени Целзиусови. Школите се затворени, а службите за вонредни ситуации се подготвени за интервенции.
Сепак и поркрај рекордно ниските температури, неколку кинески туристи решиле да се забавуваат на студот.
– Ние локалницте не ни излегуваме на улица на овој студ, а туристите се капат, напиша еден мештанин на Инстаграм.
Рекордот во ова село е зимерен во 1933. година, кога биле измерени -67,7 степени.