Вчера попладне во Секторот за внатрешни работи Велес било пријавено дека во близина на с.Сопот, во водите на реката Вардар бил забележан човечки леш, заглавен помеѓу карпи.
Екипа од Единицата за специјални задачи излегла на лице место, но поради временските услови и непристапниот терен, не успеале да го извадат телото од водите на реката.
Денеска припадници на Единицата за специјални задачи ќе продолжат со преземање мерки за вадење на телото од водата.