Доградбата на „Гоце Делчев“ ќе финишира во месец јуни

Од:

Доградбата на ООУ „Гоце Делчев“ ќе финишира во месец јуни, а досега се поставени две плочи. Доградбата е на површина од 532 м2. Учениците ќе добијат шест нови училници, три помошни простории, а дел од зафатот е и поставување на лифт за деца со инвалидност и пречки во развојот, но и нова енергетски ефикасна фасада.

Училиштето ќе има сутерен, приземје и два спрата и многу подобри услови за модерни образование.

Денеска на објектот беше градоначалникот Саша Богдановиќ и се увери дека „Гоце Делчев“ ќе биде современо училиште по највисоки европски стандарди. Новата топлотна потстаница која што ќе биде поставена драстично ќе ги намали сметките за греење.

Поставена е и карабината на новото училиште „Капиштец“, а во моментов се работи на машинство, водовод, електрика, гипсарски и фасадни работи. Ова ќе биде прво изградено училиште во општината по цели 49 години и ќе ги задоволи стандардите за современо образование на 500 ученици, распределени во 18 паралелки од 1-во до 9-то одделение.

Се гради со високо квалитетни материјали, а кабинетите ќе имаат најсовремена опрема. Заложбата на општина Центар за заштита на животната средина ќе се реализира преку ботаничка градина.

Децата кои наставата ќе ја посетуваат во ова основно училиште ќе можат да се рекреираат во базен кој ќе се гради во рамките на училиштето, а во долниот дел ќе има паркиралиште со капацитет за 104 возила, кое што по 16:00 часот ќе можат да го користат и жителите на Капиштец.

При крај е изградбата на просторот за сместување на децата со церебрална парализа, веднаш до основното училиште „11-ти Октомври“. Со завршување на изградбата на „Капиштец“, овие деца ќе ја посетуваат наставата во новото училиште, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории