Светската награда за хуманизам ќе се доделува во Охрид на 18. јануари

Од:

На 18 јануари 2018 година во 19 часот, во очи на големиот празник Богојавление, градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, во Куќата на Уранија на МАНУ ќе ја врачи Светската награда за хуманизам на годинешниот добитник Жан Патрик Конрад, професор на Империјал колеџ од Лондон и Претседател на Европската академија на Науките уметностите и книжевностите.

На свеченото доделување на наградата, покрај другите гости од земјава и странство, ќе присуствува и претседателот на Светската организација за социјална интеграција, Фредерик Фапани фон Лотринген, кој во својство на претставник на фондацијата Ротшилд ќе ја оствари својата прва официјална посета на Република Македонија.

По тој повод, интернет ревијата на Светската организација за социјална интеграција објави ексклузивна презентација на Охрид и Македонија, како светска престолнина на хуманизмот, кој уште од времето на Св. Климент Охридски, како ученик на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, заштитници на Европа, ја формирал првата средновековна европска школа на хуманизмот.

Како што е познато, ова e дванаесетти пат како се доделува оваа награда, која постигна светско реноме со голем број на легендарни имиња на светската култура, како што се нобеловците Александр Солжењицин (Русија), Херта Милер (Германија), кон кои се приклучуваат и Рави Шанкар (Индија), Мануел Де Оливеира (Португалија), Питер Брук (Велика Британија).

Добитникот на Светската награда за хуманизам од Бугарија, академик Светлин Русев изработи скулптура инспирирана од ликот на Св. Климент Охридски и предложи до советот на Општина Охрид да биде поставено на локацијата кај Долна Порта како спомен обележје со кое Охрид ќе биде прогласен за центар на светскиот хуманизам.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Насилникот во Охрид пуштен, таткото на Сара од вчера  во полициска станица-правда мора да има

Предраг Петровиќ

„Татко му давал насоки како да се ослободи од телото“ – тврди мајката на претепаната девојка во Охрид

Катерина Ѓуровски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он