Апелациониот суд ги одби жалбите на пратениците, остануваат во притвор

Од:

Пратениците Љубен Арнаудов, Сашо Василевски и Јохан Тарчуловски остануваат во притвор. Апелациониот суд ги одби нивните жалби, како и жалбите на останатите обвинети меѓу кои и Јане Ченто, како неосновани и ги потврди решенијата за притвор на првостепениот суд.

„Апелациониот суд Скопје, по одржаните нејавни седници денеска донесе одлуки со кои ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје 1 Скопје донесени во рамки на предметите во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година и тоа за обвинетите И. Ц., А. А., Љ. А., Ј. Ч., Ј. Т., С. В. и Е. Д.“, соопшти Судот.

Претходно, Апелациониот суд ги одби како неосновани и жалбите на обвинетите Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Владо Јовановски, Митко Чавков, Игор Дурловски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Радулов, Богдан Илиевски и Илија Славевски, кои, исто така, се наоѓаат во притвор.

Би можело да ве интересира

Апелација ги зголеми казните на 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба

А1он

ССМ бара платите на пратениците да се врзуваат за минималната плата и да се намалат за 40%

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Кривична за судијата Ѓоко Ристов за „противправно стекнување и прикривање имот“ и за „перење пари“

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Апелација: Двојно повисока казна за двајцата директори обвинети за пожарот во модуларната во Тетово

А1он