Сугарески – Шчербак: Руските компании да учествуваат во реализација на проектите

Од:

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески оствари работна средба со амбасадорот на Руската Федерција во Република Македонија, Олег Шчербак. На средбата министерот Сугарески го информираше рускиот амбасадор за инфраструктурните проекти што се реализираат во Република Македонија.

Министерот ги потенцираше проектите за изградба и реконструкција на патната мрежа во Република Македонија. Исто така, Амбасадорот се запозна и со проектите што ќе се реализираат во следниот период во делот на доизградба на железницата на Коридор 8 и тоа проектот за изградба на пругата кон Албанија, како и доизградба на пругата кон Бугарија.

„Средбата што ја имав со рускиот амбасадор беше од исклучително значење бидејќи го информирав за проектите што ќе се реализираат во Република Македонија во следниот период. Ова е добра можност подетално да се информираат сите заинтересирани руски компании за учество во реализација на планираните проекти”, изјави Сугарески.

Министерот Сугарески изрази благодарност за досегашната соработка со Руската Федерација и ја нагласи потребата од продлабочување на добрите односи и зајакнување на меѓусебната соработка меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати