Цената на нафтата на највисоко ниво од крајот на 2014 година

Од:

Цената на нафтата на светските берзи достигна највисоко ниво во последните три години, зголемувајќи се за три отсто во изминатата недела.

Згоелмувањето на цената се должи на намалената нерамнотежа помеѓу понудата и побарувачката. На берзата во Лондон цената на барел нафта порасна за 3,3 отсто на 69,87 долари, додека во Њујорк енергенсот поскапе за 4,7 отсто на 64,30 долари.

Нафтата во моментов е со највисока цена од крајот на 2014 година, а за нивниот раст придонесуваат проценките дека понудата и побарувачката наскоро може да се изедначат.

Би можело да ве интересира

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Нови цени на горивата

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол