„Лајт“ пијалоците предизвикуваат депресија?

Од:

Конзумирањето на поголеми количества „лајт“ газирани пијалоци може да ја зголеми опасноста од појава на депресија, покажува тукушто завршеното американско истражување.

Резултатите, кои ќе бидат претставени во март на годишниот состанок на Американската академија на невролози, не покажале дека „лајт“ газираните пијалоци се директни предизвикувачи на депресија, бидејќи не може да се исклучи влијанието на другите фактори, како што се стресниот начин на живот или генетската предодреденост.

Истражувачите ги анализирале податоците поврзани за околу 263.900 Американци на возраст меѓу 50 и 71 година, на кои од 1995 до 1996 година им биле поставувани прашања поврзани со конзумирањето пијалоци. Десетина години подоцна, од 2004 до 2006 година, на истите луѓе им е поставено прашањето дали докторот веќе им дијагностицирал депресија.

Со споредувањето на одговорите на ова прашање и претходните податоци, истражувачите заклучиле дека лицата кои редовно пиеле газирани пијалоци биле просечно за 30 отсто поподложни на заболување од депресија отколку останатите.

Оваа опасност посебно била изразена кај оние кои пиеле „лајт“ газирани пијалоци, кај кои изнесувала 31 процент, додека кај другите кои пиеле класични газирани пијалоци била 22 отсто.

Констатацијата е исто поврзана и за овошните сокови, чии „лајт“ видови, како што е утврдено, изложуваат на поголема опасност од депресија.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска