(ВИДЕО) Обама: Социјалните мрежи ја поларизираат политиката

Од:

Во првото телевизиско интервју, откако ја напушти Белата куќа, поранешниот американски претседател Барак Обама рече дека Русија го злоупотребила недостатокот од доверба на Американците кон основните факти за да се инволвира во демократските процеси на САД.

– Ние живееме во целосно различни информациски универзуми. Ако гледате Фокс њуз живеете на друга планета, за разлика од слушателите на (националното радио) Ен-Пи-Ар, истакна Обама во шоуто на Дејвид Летерман, коментирајќи ги поплаките на американскиот претседател Доналд Трамп за ширењето лажни вести и одговарајќи на прашањето дали мешање на странски актери во претседателските избори во 2016 е многу поголема закана за САД.

– Токму тоа се случува на оние Фејсбук страници, каде се повеќе луѓе главно ги добиваат вестите. Во одреден момент се наоѓаш себеси затворен во меур и донекаде поради тоа политиката денес е толку поларизирана, оцени поранешниот американски претседател.

Би можело да ве интересира

Трамп: Денес е ден на ослободувањето во Америка

Горан Наумовски

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран