„Само сенка на она што доаѓа“ – Самостојна изложба на Тони Попов

Од:

На 17-ти јануари ќе се одржи втората самостојна изложба на Тони Попов, со наслов „Само сенка на она што доаѓа“. Изложбата ќе се одржи во Јавна соба со почеток од 20 часот.

„Серијалот слики од “Апстрактна поезија” е чекор надвор од комфорната зона, крик на лузните кои копнеат за исцеление, обид на смртното да ѕирне во вечноста“, вели Тони Попов.

Попов е самоук сликар кој со сликарство се занимава од 2011 година. Неговиот талент, вештина и контемплативна креативност се забележани од љубителите на сликарството, но и од уметничките критичари уште во неговите први дела. Неговите слики досега се продадени во единаесет земји.

Покрај сликањето, Тони одржува и теоретски и практични работилници за млади сликари во Осло, Норвешка.

На изложбата ќе бидат изведени дела од композиторот и виолист, Марко Виденовиќ, кој беше инспириран да напише музика за делата „Ноември“, „Се уште паметам“ и „Помина нашето лето“.

Изложбата ќе биде отворена од 17 јануари до 16 февруари 2018.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски