На првиот ден од 23.Светското првенство во ракомет во Шпанија најблиску до изненадување беше селекцијата на Тунис која загуби во натпревар од светскиот и олимписки првак Франција со 30:27.
Преглед на резулатите од 1.коло:
А група (Гранољерс): Германија – Бразил 33:23, Аргентина – Црна Гора 28:26 и Франција – Тунис 30:27.
Б група (Севиља): Македонија – Чиле 30:28, Исланд – Русија 25:30 и Данска – Катар 41:27.
Ц група (Сарагоса): Србија – Јужна Кореја 31:22, Словенија – Саудиска Арабија 32:22 и Полска – Белорусија 24:22.
Д група (Мадрид): Шпанија – Алжир 27:14, Хрватска – Австралија 35:13 и Унгарија – Египет 32:23.
Денеска на програмата се натпревари од 2.кол, но само во групите А и Б.
Во А групата во Гранољерс играат: Бразил – Аргентина, Тунис – Германија и Црна Гора – Франција.
Во Б групата покрај дуелот Македонија – Катар кој почнува во 18 часот играат уште: Чиле – Исланд и Русија – Данска.