ВИДЕО: СДСМ за патните трошоци ќе чека да се вратат ВМРО-ДПМНЕ во Собранието

Од:

Пратеничката група на СДСМ поднесе инцијатива за намалување на патните трошоци на пратениците, нинформираше координаторот Томислав Тунтев на денешниот брифинг со новинарите. Како што рече Тунтев, со нивната иницијатива се предлага патните трошоци од 30% од цената на изминат литар бензин, да се намалат на 15%. За разлика од сите досегашни законски решенија кои беа изгласани без ВМРО-ДПМНЕ, за патните трошоци сакале да ја чекаат опозицијата да се врати во Собранието и да го кажела своето мислење.

„Како што ветивме, ја поднесуваме оваа иницијатива и сакаме по неа да се развие дискусија, да се вклучи и опозицијата. Решението кое го предлагаме ќе биде со цел да се стави крај на манипулациите и шпекулациите во јавноста. Претседателот Талат Џафери го има предлогот уште на 1 декември, но досега се нема изјаснето ниту една пратеничка група”, рече Тунтев.

Во однос на отстранувањето на можностите за злоупотреби при исплатата на патните трошоци, пратениците од СДСМ предлагаат наплатата да се врши само врз основа на фискални сметки за платена патарина кои се платени со кредитна или дебитна картичка во сопственост на пратеникот.

Поради бојкотот на опозицијата, оставен е простор за додефинирање на овие проценти. Може да бидат и помали, зависи како ќе се договорат сите пратенички групи, додаде Тунтев на денешниот брифинг.

Јавноста бурно реагира уште на почетокот на работата на парламентарниот состав кога за два до три месеци, им беа исплатени на пратениците помеѓу 3000 и 4000 илјади евра за патни трошоци. СДСМ додека беше опозиција ја критикуваше Силвана Бонева и други пратеници, но сега и пратениците на власта земаат не помалку дневници за патни трошоци. Јавноста бара пратениците да не се повластени и за нив да важат истите правила како за сите вработени. Едно од решенијата е да користат јавен превоз, што секако е неприфатливо за пратениците кои се научени на комодитет.

Г.Д.М

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет