Во несреќен случај загина градежен работник од Гостивар

Од:

Шеесет и седумгодишен градежен работник М.К. од Гостивар вчера загинал во несреќен случај кога негов колега движејќи се наназад со товарно возило „мерцедес“ без да го забележи го удрил со задниот дел од приколката.

Работникот паднал на земја од ударот, а потоа бил прегазен со задните тркала во пределот на нозете, по што починал, соопшти МВР.

Лекар од Итна медицинска помош Гостивар констатирал смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар, во присуство на инспектор од трудова испекција. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Двајцата работници биле од иста фирма од Гостивар која изведувала градежни работи за изградба на хидроцентрала.

Несреќата се случила вчера околу 10 часот на локалниот пат за гостиварското село Падалиште, на околу еден километар од железничкиот надвозник.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип