Францускиот претседател Франсоа Оланд во обраќањето до нацијата преку медиумите ја потврди смртта на францускиот агент Дени Алекс, припадник на француската разузнувачка служба, како и на двајца припадници на француските специјални сили кои учествува во неуспешната операција за неговото ослободување во Сомалија.
Оланд се осврна и на воената интервенција на француските сили во Мали, со која на исламистичките бунтовници им бил зададен тежок удар и големи загуби. Тој им оддаде почит и признание на загинатите француски војници во операциите во двете африкански земји.