Земан и Шварценберг водат по првиот круг избори за претседател на Чешка

Од:

Поранешниот премиер Милош Земан и актуелниот министер за надворешни работи Карел Шварценберг најверојатно ќе влезат во вториот круг од претседателските избори во Чешка.

Според првичните резултати на Чешкиот завод за статистика (ЧСУ) по пресметани 56 проценти од гласовите, во првиот круг од изборите, што се оддржа денеска и вчера, ниту еден од деветмината кандидати нема да го добие потребното мнозинство гласови, па најверојатно трката за две недели ќе ја продолжат Земан и Шварценберг.

Името на новиот претседател, кој ќе ја води чешката држава во наредните пет години ќе се знае најдоцна до 26 јануари.

Неофицијалните резултати покажуваат дека Милош Земан освоил 25,5 отсто од гласовите, додека Карел Шварценберг 20,5 проценти од гласовите на регистрираните гласачи.

На трето место, со 17,3 проценти се наоѓа поранешниот премиер Јан Фишер, кој на последните анкети беше меѓу фаворитите за нов шеф на чешката држава. Претставникот на опозициската, Чешка социјалдемократска партија (ЧССД) Јиржи Динстбир до сега освои 16,9 проценти од гласовите, додека по него, но со повеќе од половина помалку гласови (седум проценти) е контроверзниот уметник Владимир Франц.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица