Земјотрес од 5,1 степен по Рихтеровата скала го стресе Иран, а неколку часа подоцна земјотрес од 5,5 степени го погоди Ирак.
Епицентарот на иранскиот земјотрес бил во провинцијата Керман, во близина на селото Ходедк, кое се наоѓа на околу 700 километри јужно од Техеран. Иранската државна агенција извести дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Областа Керман е трусно подрачје, со чести потреси. Само месецов областа ја погодија неколку земјотреси со магнитуда од 4 до 6,2 степени, а во ноември западниот дел од Иран го погоди земјотрес со јачина од 7,2 степени во кој загинаа повеќе од 600 лица.
Земјотресот што го погоди Ирак бил почувствуван и во Бадад и во централниот дел од земјата.
И за двата земјотреси нема податоци за жртви или причинета материјална штета.