Јункер: Земјите од Западен Балкан заслужуваат перспектива за членство во ЕУ

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер смета дека државите од Западен Балкан заслужуваат перспектива за членство во ЕУ и затоа мора да се постават темели за ново проширување.

– Перспективата за членство што ја заслужуваат земјите од Западен Балкан нема да биде спроведена во пракса за мојот мандат на чело на Европската комисија, но мораме да ги поставиме темелите за тој процес. На тие земји останува да ги спроведат неопходнуте рефоми за да може наскоро и да дојде до членство, нагласи Јункер во интервју за Дојче веле.

Тој ја пофали Бугарија за приближувањето на Западен Балкан кон ЕУ и поставувањето како една од најважните теми на нејзиното претседавање со Унијата во првите шест месеци од годинава.

– На бугарската Влада треба ди и заблагодариме за важните чекори што веќе ги направи: Самитот за Западен Балкан што ќе се одржи на 17 мај ќе биде важен чекор. Бугарија едноставно е предодредена да ги гради мостовите со земјите од Западен Балкан, затоа што го познава тој регион, културата и јазикот, а и самата успшено мина низ процесот на проширување на ЕУ, нагласи Јункер.

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија