Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се сретна со претставници на синдикатите од областа на здравството.
На средбата се разговараше за мерката за зголемување на паушалите за дежурства, како што беше претходно ветено, информираат од Министерството за здравство.
Овој вид средби, како што се наведува, ќе бидат редовна практика и во наредниот период, при реализација на активности, кои се во интерес на медицинскиот персонал.