Во Љубљана вечерва почна мирен протест против политичката елита, во кој според проценките на полицијата, учествуваат 3.500 лица, кои се собрани на повеќе места. Демонстрантите бараа од словенечкиот премиер Јанез Јанша и од комплетниот владин состав да поднесат оставки. Протестот е организиран со помош на социјалната мрежа Фејсбук, а организаторите го нарекоа „Второ сесловенечко востание“. Прв сличен протест се одржа на лани на 21 декември.
Демонстрантите истакнуват дека извештајот на Антикорупциската комисија, во кој се нагласува дека Јанша и градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, не ја пријавиле имотната состојба, е дополнителен поттик за нивното незадоволство. Учесниците во протестот нагласуваат дека целта не им е да поттикнат насилство и најавија формирање на „Нов ослободителе фронт на словенечкиот народ“.