Во Дирекцијата за заштита и спасување ќе се вработуваат пилоти. Информацијата за потребата за прием во редовен работен однос на пилоти во ДЗС ја усвои Владата на синоќешната седница.
– ДЗС и министерствата за одбрана, за внатрешни работи, и за финансии добија задолжение да изнајдат навремено решение за ангажирање пилоти во Дирекцијата, соопшти владината прес-служба.