(ВИДЕО) Бошњаковски: Советот за реформи заврши со работа, со новото тело ќе претседава Заев

Од:

Советот за реформа во правосудтсвото ја заврши својата работа и владата им благодари за досегашната соработка, изјави владиниот портпарол Миле Бошкаовски образложувајќи пред новинарите зошто премиерот Зоран Заев ќе застане на чело на новото работно тело кое ќе се формира за следење на имплементацијата на стратегијата за правосудтсвото.

-Сега следува имплементација и се посветуваме на делот 9, од Планот за реформи 3-6-9. Нема недоверба во работата на Советот за реформи, Владата се заблагодари на сработеното досега, тие беа консултирани за 3 и 6, тие ги лоцираа проблемите, се направи стратегија и сега следува имплементација. Ова беше работно тело, и следното ќе биде но го издигаме на повисоко ниво, вели Бошњаковски.

Бошњаковски не открива дали новото тело ќе биде составено од експерти и кој се ќе членува, единствено повтори дека ќе се формира до крајот на месецот.

Претходно, дел од членовите на Советот за реформи јавно ја критикуваа работата на телото, а оставки си поднесоа универзитетските професори Гордан Калајџиев и Мирјана Најчевска. Тие јавно проговорија дека биле изиграни од власта и дека нивниот ангажман бил само декор и параван , наместо подготовка на суштински реформи во правосудството.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски