ДС: Консултативен референдум пред да се постигне конечен договор помеѓу Македонија и Грција

Од:

„Демократскиот сојуз смета дека постигнување компромис за надминување на спорот околу нашето Уставно име наметнат од Грција е прашање за кое е потребен и политички и граѓански консензус.

За да се дојде до решение е неопходна политичка храброст, одговорност и лидерство.

Решението кое не го загрозува нашиот идентитет, јазик и достоинство,може да биде основа за ги деблокира евроатланските процеси и Македонија да добие покана за членство во НАТО и започнување на пристапните преговори за влез во ЕУ.

Но каков и да е компромисниот договор, конечната одлука треба да ја донесе Парламентот,со што народните избраници ќе ја преземат одговорноста за иднината на државата како легитимни претставници на народот.

Референдумот може да биде алиби на политичките водства и да го сруши целокупниот процес, доколку претходно не се обезбеди политички -партиски консензус.

Затоа ја возобновуваме идејата за консултативен референдум.

Демократскиот сојуз апелира сериозно да се размисли за идејата за одржување на консултативен референдум, на кој граѓаните ќе се изјаснат пред да се постигне конечен договор помеѓу Македонија и Грција.

Стратешки, национален и државен интерес е Република Македонија да стане членка на НАТО и Европската Унија, зад тој интерес стојат граѓаните“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска