Владата на САД одобри продажба на антибалистички ракети за Јапонија, со цел да се заштитат од се поголемата нуклеарна и ракетна закана од Северна Кореја.
Стејт департментот вчера побара од Конгресот да одобри продажба на четири ракети за Јапонија. Зделката е вредна 133 милиони долари.
Ракетите ќе може да бидат испукани од носачи на авиони или од систем на земја.