НГМ и Холандската амбасада ќе го промовираат проектот „Уметност за сите“

Од:

Националната галерија на Македонија (НГМ) и Холандската амбасада денеска во галеријата Чифте амам во 13 часот ќе го промовираат ликовниот едукативен проект „Уметност за сите“, кој НГМ со холандска помош ќе го спроведува во 2018-та и 2019 година.

Преку работилници, дебати и организирани посети, „Уметност за сите“ ќе овозможи полесен пристап до културата за децата со посебни потреби од цела Македонија. Проектот ќе биде финансиран преку МАТРА – програма на Министерство за надворешни работи на Холандија, отворена за сите земји кои се на пат да станат членки на Европската унија.

Целта на проектот е социјализација и општествена инклузија на лицата со попреченост и хендикеп. Наменет е за деца од најрана училишна возраст до завршување на средното образование и ќе се одвива во четири циклуси од по три месеци.

На промоцијата на проектот и потпишување на договорот за неговото спроведување се најавени обраќања на холандскиот амбасадор Вилијам Ваутер Пломп, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, директорката на Националната галерија на Македонија Дита Старова Ќерими и координаторката на проектот Маја Димитрова.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска