Шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон, смета дека не треба да биде повлечена поканта испратена до американскиот претседател Доналд Трамп за посета на Велика Британија.
– Не сметам дека тоа е разумно, истакна Џонсон одговарајќи на прашање на пратеник од опозицијата дали ќе биде повлечена поканата за официјална посета на Трамп на Велика Британија.
Тој потенцираше дека САД се најблизок, најважен партнер во безбедносната и во економската сфера на Велика Британија.