Победа на македонската ракометна репрезентација на стартот на Светското првенство против Чиле многу потешко од очекувањата во првото коло од групата Б со 30:28.
„Црвено-жолтите“ одиграа лошо прво полувреме полно со грешки и загубени топки.
По водството на стартот од 4:2, Чиле ја искористи тоталната деконцентрација кај нашата селекција и направи серија од 5:0. Сепак во вториот дел од полувремето Македонија колку толку успеа да ги консолидира редовите и на паузата да замине со резултат од 12:10.
Во второто полувреме Наумче Мојсовски почна со погодок потоа се играше рамноправно пет минути, ние правиме серија од 4:0 за 18:12.
Меѓутоа повторно пад во нашата игра, Чилеанците се доближуваат на негативата која ја имаа на полувреме, 21:19.
Во 50. минута од натпреварот резултатот беше 25:23, многу потешко од очекувањата нашите постигнуваа погодоци, одбраната беше таа која ја одржуваше предноста, но и таму се правеа почетнички грешки и им се овозможуваа брзи и лесни контри.
Сепак на крајот се радуваме на победата, Кире Лазаров постигна 8 погодоци, 6 Дејан Манасков.
Македонија утре го игра вториот натпревар на Светското првенство против Катар од 18 часот.