Пратеникот Кахремани добивал закани дека ќе го убијат

Од:

Пратеникот од редовите на партијата БЕСА, Неџбедин Кахремани, на прес-конференција дека има закани по неговиот живот и животот на неговото семејство. Тој вели дека случајот го пријавил во полиција, истовремено, и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ОБСЕ, како и амбасадите.

„Мојата должност како пратеник јас ја прифатив, а сите знаат како БЕСА ги доби гласовите во Тетово. Ќе се одржи конгрес и се ќе биде во ред. Денеска ги поздравувам моите гласачи и Движењето БЕСА, а тие што упатуваат закани кон мене, да знаат дека не им се плашам“, рече Кахремани.

Тој рече дека од него бараат да се повлече од функцијата пратеник, а не одговори дали ги познава лицата кои му се закануваат. Како што додава, засега БЕСА ќе делува како до овој момент.

К.Л.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски