ССМ: Да се почитуваат мерките за заштита од аерозагадувањето

Од:

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) бара да се почитуваат мерките на Владата за заштита од аерозагадувањето што почнаа вчера. Лицата на отворено да работат од 11 до 17 часот, да се зголемат инспекциските контроли на градилиштата и да се ограничи до 50 отсто употребата на службените возила.

Според ССМ, секоја институција треба да дејствува во својот домен.

– Министерствата за животна средина и за здравство се должни да ги oслободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, со прележан инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, да ја спроведат забраната за одржување спортски натпревари и други манифестации на отворено, како и да обезбедат услови за зголемени активности на службата за брза помош, домашната посета и патронажната служба, наведува ССМ во денешното соопштение.

Би можело да ве интересира

Синдикатот алармира до работодавачите: Заштитете ги работниците од топлотниот бран

Катерина Ѓуровски

Вработените во ГТЦ протестираа: Бараат зголемување на платите за најмалку 1.600 денари

Македонија повторно меѓу најлошите земји за работничките права

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: За Мицкоски, протестот на Синдикатите е „вообичаена активност за 1 мај“

„За плата се бориме, не се молиме“, работниците на првомајки протест

Првомајски протест на Синдикатите, посебен режим во Скопје