Превирања во Беса, Касами насилно влегол во партиското седиште во Скопје

Од:

Продолжуваат превирањата во Движењето Беса. Во скопското седиште на партијата изутринава разрешениот лидер Биљал Касами заедно се група поддржувачи со сила влегле во просториите во Мавровка. Веднаш била повикана полицијата на местото на инцидентот.

Од полицијата велат дека инцидентот бил пријавен изутринава околу 10.30 во Полициската станица Бит-пазар. „Пријавено е дека биле обиени вратите на политичката партија Беса кои се наоѓаат во Трговскиот центар Мавровка. Полициски службеници излегле на местото на настанот и се врши разговор со претставници на Беса и агенцијата која што ги обезбедува партиските канцеларии“, велат од полицијата.

Насилниот упад во партиското седиште во Скопје следи откако на Касами вчера не му било дозволено да влезе во седиштето во Скопје, по што тој поднесе пријава во полиција.

„Откако два дена по ред се обидовме да влеземе во седиштето на партијата, истото ни беше оневозможено. Внатре во седиштето на партијата имаше непознати неовластени лица. Веднаш ги информиравме компетентните институции за да дојдат на лице место и да извршат увид. Откако заврши увидот, за неколку дена ќе има и кривични пријави за узурпирање на седиштето на Движењето Беса во Скопје“, истакна Абдуш Демири.

Во меѓувреме прес-конференција одржаа и претставници на тетовскиот огранок на Беса, кој се сврте контра Касами и јавно соопшти дека стојат за новоназначениот привремен претседател Неџбедин Каремани, кој е пратеник од тетовскиот регион. Тие порачаа дека ќе поддржат кандидат кој ја обединува партијата, а не Биљал Касами.

Дел од членството бара Касами да ја прифати одговорноста за поразот на локалните избори на кои и тој директно загуби во трката за градоначалник на Тетово. Исто така оставка од позицијата потпретседател си поднесе Зекирија Ибраими кој ја загуби трката за градоначалник на Чаир.

Раздорот во партијата започна викендов кога се одржаа две паралелни средби – една во Скопје, а друга во Тетово – а на кои беше донесе сосема спротивни заклучоци. На седница на Централниот совет во Тетово беше донесена одлука да се одржи партиски конгрес на 24-ти февруари, до кој со партијата и натаму ќе раководи претседателот Биљал Касами. Од друга страна, на седницата во Скопје беше разрешен Касами од лидерската позиција и најавен беше конгрес на 21 февруари, до кој со партијата ќе раководи пратеникот Неџбедин Каремани. Тој на пратеничката функција дојде откако од собраниските клупи се повлече Касами, за да учествува во изборната трка за градоначалник на општина Тетово.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски