Неџмедин Кахремани, в.д. претседател на Движењето БЕСА испрати соопштение во кое го обвинува екслидерот на БЕСА, Биљал Касами за насилен упад во партиското седиште.
„Денес централното седиште на Движењето БЕСА во Скопје, која беше под заштита на една осигурителна компанија, беше нападната од вооружени лица, кои ја искршиле бравата и насилно влегле во нејзините простории. Се сомнева дека насилниците се некои екстремисти од Чаир и с. Ларце од Тетово, а придружуван од тие лица, во седиштето дошол и веќе разрешениот претседател, Биљал Касами.
Како и да е, во името на членството на Движењето БЕСА, во име на Централното претседателство, во име на Централниот совет и во име на апсолутното мнозинство на Движењето БЕСА, ние го осудуваме овој насилен чин и очекуваме од безбедносните органи да го расветлат овој настан и причинителите на овој вандализам да одговараат пред правосудните органите.
Притоа уште еднаш нагласуваме дека не е ова јавниот дискурс кој ние сме го поставиле, не се овие вредностите кои ние сме ги промовирале и ова е потполно во спротивност со целата идеја на Движењето БЕСА. Нам ни е жал што Биљал Касами во соработка со екстремисти од Чаир насилно ги крши не само канцелариите на Беса, туку најгрубо ги крши и вредностите кои Движењето БЕСА ги донесе на политичката сцена“ се вели во соопштението на Движењето БЕСА, потпишано од Неџмедин Кахремани В.Д. Претседател.