Вестбрук го забележа 93. „трипл-дабл“ во кариерата

Од:

Ветеранот на Сан Антонио, Ману Џинобили стана вториот 40-годишник во историјата на НБА лигат кој на две средби по ред постигнал најмалку 20 поени.

Портланд синоќа го совлада Сан Антинио со 111:110 со кош на шест секунди пред крајот од страна Си-Џеј Мекалум, а во последната секунда од натпреварот Ламаркус Олдриџ не реализираше шут за победа на „Спарс“.

Џинобили на натпреварот постигна 26 поени и стана првиот играч по Џордан кој на оваа возраст на две средби по ред постигнал по најмаку 20 поени. Портланд го предводеа Мекалум со 25 поени и Јусуф Нуркиќ со 17 поени и 13 скока. Кај Сан Антонио најефикасен беше Олдриџ со 30 поени и 14 скока.

Оклахома беше поразена од Феникс со 114:110, а Расел Вестбрук го забележа звојот 93. „трипл-дабл“ во кариерата. Тој постигна 26 поени, а имаше и 11 асистенции и 10 скока. Феникс го предводеа Девин Букер со 26 поени и 11 асистенции, односно Ти-Џеј Ворен со 23 поени.

Далас загуби од Њујорк со 96:100, додека ЛА Лејкерс стигнаа до 12 победа против сезонава во натпреварот против Атланта со 132:113.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот