Расколот во Беса кулминираше со полициска пријава

Од:

Лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами пријавил во полиција дека не може да влезе во партиското седиште, откако вчера беше разрешен на состанокот на скопскиот огранок. Касами синоќа околу 23 часот во полициската станица во Бит пазар пријавил дека непознати луѓе од агенција за обезбедување го спречиле да влезе во партиската канцеларија во Мавровка. Тој три часа бил спречен да влезе во просториите на партијата од страна на членови на обезбедување, кои не ги познавал.

Зад Касами стои тетовскиот огранок на партијата, кој вчера одржа паралелен состанок на кој беше одлучено на 24 февруари да се одржи првиот конгрес на партијата, на чие чело дотогаш да биде Касами. Тие денеска одржаа прес-конференција во Тетово, на која порачаа дека Беса ќе остане да се бори во политичката битка, а неодговорните луѓе да ги тргнат рацете од оваа партија.

„Беса ќе продолжи со својата политичка битка, во интерес на Албанците и другите граѓани во Македонија. Не можеме да останеме рамнодушни на пратеникот Неџмедин Карајмани и бараме да ги почитува законските органи како и легитимниот претседател Биљал Касами. Апелираме до неодговорните луѓе, кои на незаконски начин сакаа да и наштетат на Беса, што побргу да се повлечат од ѓаволската игра. Ќе се преземат сите законски и политички мерки против секој што не ги почитува сите институции“, рече претседателката на Форумот на жени на Беса од Тетово, Хатије Етеми. Таа рече дека членство на движењето од овој огранок и околните места потпишале декларација со која се бара од органите на движењето одржување на внатрешното единство, политичкото влијание и успешните резултати во политичкиот живот во Македонија.

Етеми побара од пратеникот од тетовскиот регион Неџбедин Каремани, кој вчера на Централниот совет одржан во Скопје беше назначен привремено да ја води партијата, да ги почитува законските и легитимните органи на Беса, бидејќи претседател на партијата е Биљал Касами.

Абдуш Демири, задолжен за односи со медиумите, рече дека членовите на Централниот одбор што вчера одржале неформален состанок во Скопје биле поканети да присуствуваат и учествуваат на состанокот на Централниот совет на движењето Беса во Тетово. „Последните информации ни беа дека тие ќе дојдат. Но, во последен час добивме информации и слушнавме дека тие одржуваат некој неформален состанок во Скопје каде донеле нелегитимни одлуки. Централниот совет и движењето Беса се овде“, изјави Демири.

Според нив, легитимен е само состанокот на Централниот совет на Беса што се одржа во Тетово каде се одлучи дека на 24 феврураи ќе биде организиран првиот конгрес на движењето Беса и каде беше избрана комисија од седум членови која ќе го координираат целиот процес за конгресот. До конгресот движењето Беса ќе го води досегашниот претседател Биљал Касами.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски