Пабовите во Велика Британија ќе работат подолго поради свадбата на принцот Хари

Од:

Пабовите во Велика Британија би можеле да останат отворени подолго на денот на венчавката на принцот Хари и Меган Маркл со цел да се поттикне национално славење.

Владата го разгледува прашањето за да дозволи баровите и пабовите да може да работат подолго на 18 и 19 мај за нацијата подобро да ја прослави венчавката на принцот Хари.

Таквата одлука ќе ги израдува и фудбалските фанови, бидејќи на 19 мај се одржува и финалето од ФА Купот.

Принцот Хари е петти по ред за тронот, но ќе падне шести по раѓањето на синот на неговиот постар брат Вилијам. Хери и Меган Маркл ќе прават венчавка во мај.

Работното време на пабовите беше продолжено и за свадбата на Вилијам и Кејт во 2011, како и за 90. роденден на кралицата Елизабета Втора во Јуни 2016 година.

Според Бриџит Симондс, од асоцијацијата на пабови и барови, продолженото работно време би можело да донесе околу 10 милиони фунти за угостителските објекти.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија