Поради грешка Тајван ќе уништува 200 илјади пасоши

Од:

Тајванските власти неодамна издале налог за уништување на 200 илјади пасоши, откако било откриено дека дизајнерите за време на изработката на пасошите по грешка употребиле слика од аеродромот во Вашингтон наместо од аеродромот во Таојуан.

Министерството за надворешни работи потврди дека оваа недела мора да поништи 285 издадени пасоши со сликата на американскиот аеродром, додека останатите биле само направени, но не и издадени.

Грешката била забележана откако некој започнал детална анализа на сликата и го познал аеродромот.

Терминалот 1 на аеродромот во Таојуан, кој е завршен во 1979 година, бил направен по модел на аеродромот во Вашингтон.

Новиот дизајн на пасошите ќе биде завршен до крајот на јануари.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди Тајван

Тајван: Ако Кина сака наша територија, треба да побара и земја од Русија

Кина воведе санкции за шест американски компании за продажба на оружје на Тајван

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате