НБА: Бостон подобар од Минесота, Мајами по продолженија славеше против Њујорк

Од:

Синоќа во НБА лигата се одиграа десет натпревари, а на дербито во Бостон, домаќините славеа против Минесота со 91:84. Најефикасен кај победничкиот тим беше Маркус Смарт со 18 поени, додека најкорисен беше Кајри Ирвинг со 16 поени, 9 скокови и 8 асистенции.

Кај Минесота, а воедно и на натпреварот најефикасен беше Ентони Таунс кој постигна 25 поени.

Најнеизвесниот меч го одиграа Мајами и Њујорк, а беше решен по дополнителните пет минути по кои домаќините се радуваа на победа со 107:103. Вејн Елингтон ги предводеше „жешките“ до победа со 24 поени, а Горан Драгиќ придодаде 19. Кај гостите најефикасен беше Картни Ли со 24 поени.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот