Коледарски огнови во повеќе скопски маала, воздухот енормно загаден

Од:

Дел од скопјани не го послушаа апелот од градските власти и од МПЦ и вечерва запалија коледарски огнови.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов ги повика граѓаните да се воздржат од палење коледарски огнови на отворено пред Бадник. Тој поддршка доби и од градоначалниците на сите скопски општини.

И Македонската православна црква апелираше да не се палат бадникарски огнови и на верниците им порача дека местото на празнување е во црквата.

Според индексот за квалитет на воздух на Министерството за животна средина, Скопје и вечерва се гуши. Аплиакцијата која го мери квалитетот на воздухот „Мој воздух“ регистрира дека најштетен воздух вечерва дишат жителите на Лисиче. Измерени се рекордни 537 микрограми од канцерогените ПМ 10 честички во воздухот.

Во Центар концентрацијата на овие ПМ 10 канцерогени честички е 194, во Карпош 208, во Гази Баба 221 микрограми на кубен метар… Максималната просечна дневна вредност пропишана со регулативите на Европската унија се 50 микрограми на кубен метар.

Висока е концентрацијата и на уште поситните честички ПМ 2,5. Во Центар вечерва се 102 микрограми на кубен метар, во Карпош се 198, а во останатите скопски општини нема измерено вредности за овие честички.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош