Клиниката „Св.Наум Охридски“ го потпиша Анекс колективниот договор со Синдикалната

Од:

Универзитетската клиника по хирушки болести „Св.Наум Охридски“ – Скопје склучи Анекс за изменување и дополнување на поединечниот колективен договор со Синдикалната организација на оваа здравствена установа, кој во целост е преземен од веќе потпишаниот Анекс колективен договор меѓу Министерството за здравство и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

Клиниката по хирушки болести „Св.Наум Охридски“ е прва здравствена установа која го потпиша Анекс колективниот договор со Синдикалната организација.

Како што соопшти Универзитетската клиника по хирушки болести „Св.Наум Охридски“ – Скопје, Анекс колективниот договор се однесува на зголемување на платите согласно коефициентите на сложеност на работното место во период од 15 месеци и исплатата на плати според системот за плаќање по успешност.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!