Премиерот на Македонија, Зоран Заев ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, информираше денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Тој кажа дека се уште не е утврдена агендата за билатералните средби и не се знае дали Заев ќе оствари средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Македонија нема учествувано на форумот во Давос од 2003 година.