ЕУ е предвидлив и солидер партнер на Куба, изјави високата претставничка за надворешна политика и безбедност во Европската унија, Федерика Могерини при нејзината посета на Хавана.
– ЕУ може да и помогне на Куба во нејзината политичка транзиција и бавното и колебливо економско отворање, нагласи Могерини на крајот на дводневната посета во земјата.
Минатата година беше потпишан договор за нормализирање на дипломатските односи помеѓу ЕУ и Куба по долг период на блокада поради европските барања за подобрување на состојбите со човековите права во Куба.
– Ние сме конзистентни и немаме непредвидливи или ненадајни промени во нашата политика, истакна високата претставничка на ЕУ.