ВМРО-ДПМНЕ најавува Закон за амнестија за притворените за 27 април

Од:

Предлог-законот за амнестија што го подготвува правната служба на ВМРО-ДПМНЕ се однесува исклучиво на осомничените лица во настаните од 27 април, информираат од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ова е посебен закон и нема никаква врска со измените на законот за амнестија што ги предлага Владата.

„Текстот на законот ќе биде краток и со него ќе бидат опфатени неправедно осомничените и притворени лица. Се надеваме дека наскоро ќе биде готов и по празниците ќе биде поднесен во Собранието. Со него очекуваме да заврши политичкиот прогон врз пратениците и другите наши членови со цел национално помирување и враќање на нормалните текови во државата“, брифираат од партијата за „Макфакс“.

Од ВМРО-ДПМНЕ не се децидни дали Законот за амнестија е дел од „политичкиот пазар“ за враќање на опозицијата од Собранието, но порачуваат дека мнозинството треба да покаже доба волја и законот да помине. Законот за амнестија прв го најави доскорешниот лидер на партијата Никола Груевски, непосредно пред заминувањето од функцијата. Тогаш тој ги повика и поранешните коалициски партнери ДУИ да дадат поддршка на амнестијата.

„Потребни се Закон за амнестија и помирување. Треба и ДУИ да го знае тоа зашто амнестијата кон нив беше за потешки дела. Тоа и Заев треба да го знае и покрај претрпената болка. Со Законот за амнестија во 1999 година за настаните во Гостивар беа опфатени двајца градоначалници кои се ослободија, во 2001 година имаше амнестија за учесниците во конфликтот. Ние покажавме политички капацитет и државништво“, рече тогаш Груевски.

И претседателот Ѓорѓе Иванов во годишното обраќање пред пратениците во Собранието пред една недела го критикуваше начинот на кој се расчистуваат настаните од 27 април и повика на помирување.

Сегашниот закон не му дозволува на шефот на државата да помилува лица за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок“ за што се осомничени 36 лица, меѓу кои и шест пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали овие најави значат дека ќе има и договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и владејачкото мнозинство за амнестирање на притворените за настаните од 27 април во македонското Собрание, за враќање на пратениците од опозицијата во Парламентот?

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме план и програма за почиста животна средина, почист воздух и поквалитетен живот за сите граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Ѓорѓиевски: Скопје е град на слоеви – град на историја, уметност и визии