Членови на Судскиот совет немаат безбедносни сертификати да го читаат извештајот за местењето предмети

Од:

Го добивме извештајот на работната група при Министерстото за правда за проверка на системот АКМИС и испративме мислење до тоа Министерство, рече првиот човек на Судскиот совет, Зоран Караџовски.

Според Судскиот совет, дискутабилно е дали извештајот треба да има назнака строго доверливо.

„Ние сме во дилема дали извештајот треба да се води по таа класификација“, рече Караџовски.

Според него, на извештајот, кој бил испратен во советот од Министерството за правда, било ставено обично ливче на кое со пенкало било напишано „строго доверливо“.

Караџоски тврди дека членови на Судскиот совет немаат безбедносни сертификати за да го прочитаат извештајот. На новинарско прашање дали е точно дека одредени членови на Советот не може да добијат безбедносен сертификат, тој не можеше да даде конкретен одговор.

Караџовски притоа рече дека во извештајот нема конкретни примери со предмети и извештајот може да претставува само основа за подлабинска проверка.

На прашање на „Макфакс“ дали не е симптоматично за Судскиот совет што распоредот на судии во Врховниот суд за само една година бил менуван повеќе од 9 пати, Караџовски рече: „За распоредот на судии прашајте го Вангеловски“.

В.М.

Би можело да ве интересира

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски

Судиите му одговорија на Уставен: мора да се почитува самостојноста и независноста на редовните судови

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација

Судскиот совет избра 68 нови судии, a разреши двајца

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието