Откриена нелегална спортска обложувалница во Мала Речица, Тетовско

Од:

Седум телевизори, по четири компјутери и монитори, три принтери и еден апарат за игри со кучиња како и поголема сума пари открила и одзела со потврда полицијата при контролата и увидот извршен вчера во локал – нелегална спортска обложувалница во тетовска Мала Речица.

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски информираше дека локалот бил во сопственост на 19-годишниот Г.Х.(19) од истото село.

– При контролата што била извршена околу 17 часот во локалот биле затекнати и двајца вработени Р.Н.( 26 ) и М.Ш.( 24) од Мала Речица, рече Јосифовски.

По расчистување на сите поединости ќе следува соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец