Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини упати критика кон политиките кои ја изолираат Куба.
– Има луѓе кои се обидуваат да ја изолираат Куба. Ние Европејците, напротив, сакаме да покажеме дека сме поблиски до вас од кога и да било, изјави Могерини на една академска конференција во Хавана.
– Соочувајќи се со оние што градат ѕидови и затвораат врати, ние Европејците сакаме да градиме мостови и да ги отвориме вратите преку соработка и дијалог, додаде таа.
Според кубанските аналитичари, ваквата изјава на Могерини се однесувала на американскиот претседател Доналд Трамп.