Маркос Переира, министерот за индустрија на Бразил преку својот Фејсбук профил го објави писмото со оставка. Ова е трета оставка на министер од бразилската влада во последниот месец.
Се наведува дека Переира писмото со оставката го објавил на својата фејсбук-страница и дека би требало во октомври во име на Бразилската републиканска партија да се кандидира за место во Конгресот.
Во писмото Переира опиша дека одлуката ја донел поради лични и партиски причини и му се заблагодари на претседателот на Бразил, Мишел Темер, кој го постави на таа позиција.