Етингтон парк е величенствена градба изградена во 12. век. По неколку бројни промени во моментов градбата функционира како хотел и се уште прима гости.
Тоа што овој хотел го прави посебен е фактот дека за него се шират гласини дека е проколната градба, што пак е вистински магнет за гости кои ги привлекуваат необични искуства.
Хотелот бил во сопственост на едно семејство до 1912. година, а оттогаш до 1935. година неколку пати ги променил сопствениците, за да едно време биде и дом за пензионери.
Во Втората светска војна имотот станал затвор за италијанските воени заробеници, а по војната станал и ноќен клуб.
Градабата за малку не доживеала трагичен крај во 1979. година кога ја зафатил пожар, меѓутоа обновена е во 1983. од кога функционира како хотел.
Сепак изгледа дека богатото минато на оваа градба си го носи своето бреме, бидејќи гостите во хотелот раскажуваат многу необични појави, поради што тврдат дека е проколнат.
Се раскажува за слушање на чекори во празни соби, лебдечки привиди кои гледаат кроз прозорците, звуци на топки за билијард кои се судиират во празната библиотека, лебдечки свеќи околу камините, дух на постара жена и дух на извесна Мери која работела како слугинка.
Помеѓу познатите настани од минатото се вбројуваат и бесење на непозната жена пред 200 години на поткровјето од зградата.
– Отседнав во соба која што се наоѓа на последниот кат, непосредно под поткровјето. Во еден момент чув како некој удира по вратите и оди во собата над мене. На крајот бев приморан да се симнам и да се пожалам на менаџерот, кој ми одговори дека над мене нема никој, раскажува Стен Смит, еден од гостите во хотелот.