Европската комесарка за дигитална економија и општество Марија Габриел оцени дека е потребна стратегија на европско ниво за справување со „лажните вести“ на социјалните мрежи.
– Борбата против лажните вести наместо национално, треба да стане европско прашање, изјави еврокомесарката во интервју за белгискиот дневен весник „Еко“
Габриел најави дека ЕУ ќе има стратегија за справување со лажните вести до на пролет, кога треба да биде готов извештајот на експертска група задолжена да ги предложи начините за сузбивање на овие дезинформации.